396
Директорот на Институтот за судска медицина и криминалистика, д-р Александар Станков во гостувањето на Канал 5 предупреди дека ковид-19 кај заразени мажи знае да ги нападне тестисите и да доведе до стерилитет.
„Има наоди каде срцето и белите дробови не се познаваат и бубрезите се избришани. Ковид-19 напаѓа многу системи, нема лек и не знаете кога ќе се влоши. Најдобро знаат оние кои директно таму се борат. Тоа е вирусна пневмонија, но ова не е само вирусна инфекција и тој зафаќа повеќе органски системи. Вирусот ги напаѓа тестисите и кај мажи можно е да предизвика стерилитет. Има наоди на воспалителни премени, но и на оштетување на тестисите“, вели д-р Станков.