Д-р Стевановиќ од Инфективна: Забележана е најниска бројка на хоспитализирани со ковид

од Берта Китинска
325 прегледи

„Во моментов се хоспитализирани 122 пациента, стотина се со тешка клиничка слика.Ова е најниска бројка, многу одамна не сме ја имале. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи,“изјави директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ утрово оценувајќи ја состојбата на Клиниката.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 348 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

– Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 133 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерството за здравство.

Слични содржини