Д-р Стевчева: Зошто кај нас се препорачува трета доза вакцина за сите?

од Nikola Popovski
559 прегледи

Од имунолошки гледна точка е подобро за трета доза различна од првите две, затоа што со првите вие сте направиле имунолошки одговор, не само на таа важна компонента, како што е спајк протеинот, туку и имунолошки одговор на се друго што содржи вакцината, вели проф. др Лилјана Стевчева, имунолог со над 20 годишно искуство во САД, во изјава за ТВ 24.

Според неа, со третата е прашање колку ќе се направи имунолошки одговор на самиот спајк протеин, „затоа што вашиот организам ќе ја одбие вакцината сите тие други антитела што ти имате кон другите компоненти“.

Д-р Стевчева прашува зошто во Македонија се препорачува трета доза за сите, кога препораката е за луѓе над 60 години.

-Секако дека е потребна трета доза за постарите над 60 години. СЗО пред некој ден излезе со соопштение, особено до граѓаните со примени кинески вакцини и се препорача трета доза за нив. Не знам зошто кај нас сите се вакцинираат со трета доза. Мал ни е процентот на вакцинација, а ставаме и трета, нагласува Стевчева.

Слични содржини