Д-р Стојчев: Бројот на заразени со коронавирусот нема да биде под осум илјади

од Берта Китинска
217 прегледи

Според проф. д-р Сашо Стојчев – невропсихијатар од ГОБ„ 8-ми септември“ бројот на заразени од Ковид 19 во земјава ќе расте.

 

 

Ако земеме предвид дека бројката овој месец е удвоена за разлика од април, тогаш слободно може да речеме дека состојбата е многу тешка. Лежерно тргнавме и се соочуваме со овој проблем. Имаме голема бројка на заразен медицински кадар, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. д-р Сашо Стојчев – невропсихијатар.

Бројката и натаму ќе расте, а СЗО е конфузна со своите ставови.

-Јас не сум епидемиолог, но мислам дека на оваа двогрба камила не и го гледаме крајот на втората грбка. Мислам дека бројката нема да запре под 7-8000 илјади. Во ситуација сме да се бориме со невидлив непријател, а и СЗО е многу конфузна со дијаметрално спротивни ставови во ист ден, вели д-р Стојчев.