Доктор Јадранка Видак е меѓу првите Македонци во Англија што ја прими вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ таа своето искуство го раскажа во емисијата Студио 10 на ТВ24.
-Вакцината Фајзер ја примив пред една недела. Јас како и многу друг кога почнаа да не вакцинираат на работа не бев сигурна дали да ја примам вакцината се шегував со колегите дека ќе видам како кај нив ќе реагира па потоа ја ќе се вакцинирам.Но во Англија ситуацијата со вирусот е застрашувачка.Голем број од моите колеги се во излолација поради вирусот.И си реков да се вакцинирам поскоро. Откако ја примив немав никакви симптоми освен мала болка во рамото, не беше потребно никакви лекрстава да зимам наредните денови, вели Видак.
Таа вели дека досега никој немал несакани ракции и дека примањето на вакцината не е ништо поразлично од останатите вакцини.
-Вакцината не е задолжителна во Англија, таа е доброволен избор.Кога видов како е да си на кислородна поддршка и како луѓето се борат со вирусот, решив дека вакцината треба да јапримам, но се уште не е јасно колку време ќе имаме од неа имунитет. Во ниту еден момент не се посомневав дека има нешто сомнително или дека ќе бидам чипирана од вакцината вели докторката.