Д-р Зафировска: Тројца нови позитивни, вкупно 1.200 заболени од ковид 19 во Тетовско

од Берта Китинска
151 прегледи

Центарот за јавно здравје изминатото деноноќие на подрачјето тетовскиот регион бележи три нови лица кои се позитивни на Ковид-19.

Со новите тројца, вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 во шесте општини во Тетовско достигна вкупно 1.200 лица, покажуваат бројките за евиденција во Институтот за јавно здравје.

-По еден случај на новозаболени има во општините Тетово, Брвеница и Боговиње, информираше д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, за периодот за неносење заштитни маски на 40 луѓе изготвени им се прекршочни платни налози поради што ќе треба да платат 20 евра во денарска противвредност.