Дрскиот и храбар потпис кај производите на Moschino ги претвори во исклучително препознатлив бренд и посакуван од сите дами кои сакаат да го привлекуваат вниманието врз себе.
Ги облекуваме телефоните во кејсови со мечињата, помфрит од познат синџир за брза храна и носиме блузони со огромни натписи Barbie.
И тоа не беше доволно за креативниот директор на модната куќа, Џереми Скот, кој како што ја достигна максимална точка со својата колекција за есен 2017.
Во неа откривме бројни смели предлози, но еден ќе се запечати во нашите умови – торба од ролна тоалетна хартија.
Производот не е направен од високо квалитетни материјали и претставува ролна, во која поминува златен ланец и има големо лого на “Moschino”.
Изненадувачки, тоалетната хартија си е апсолутно вистинска – торбата не е само кожни помагало со слична форма.
Па, ако не друго, тогаш барем можеме сами да си станеме дизајнери – ни треба само златен ланец, принт и … тоалетна хартија.