“Да гласаш за Доналд Трамп e како да го натераш Стиви Вондер да вози автомобил.”
Така легендарниот изведувач кој е слеп, ја опиша одлуката на луѓето да гласаат за кандидатот на републиканците.
“Ако има итна ситуација и морате да одите во болница на колку е можно најбрз и безбеден начин, би сакал јас да сум зад воланот на автомобилот?”, го запраша тој новинарот на philly.com по учеството во концертот во поддршка на Хилари Клинтон.
Се разбира, одговорот беше негативен. 25-кратниот носител на “Греми” го искритикува Трамп не само за “катастрофалниот” му недостаток на искуство во политиката, но и поради фактот дека тој постојано ја користеше платформата за да упатува јавно негативни забелешки кон жени, муслимани и Латиноамериканци.
“Тоа не е реално шоу. Тоа е животот во реалноста “, коментира уште пред медиумот Вондер. “Јас сум со неа (Клинтон), бидејќи верувам во насоката кон која тргнавме. Отсекогаш сум верувал дека Америка е голема. Ние само ќе ја направиме уште поголема. “