Еден од најголемите придонеси на Америка кон меѓународниот мир беше резултат од историската инвестиција во помошта за странство. Откако го победи фашизмот во Втората светска војна, Вашингтон насочи милијарди долари кон државите кои беа опустошени од војната во Европа и кон Јапонија, со што им помогна да се претворат во успешни економии и важни демократски сојузници.
Тоа е лекција која вреди да биде постојано повторувана додека претседателот Трамп се обидува да скуси околу 30 проценти од предложениот буџет за следната фискална година за Стејт департментот и неговите програми за помош за странство, додека истовремено да ги зголеми расходите за Пентагон за 10 проценти. Најжестокото скратување можеби ќе биде намалувањето за една милијарда долари на парите за мировните операции на ОН и за програмите за помош на децата.
Изгледа Трамп смета дека националната големина е во силата на оружјето – тој сака да го зголеми бројот на бродови во воената флота и атомскиот арсенал – наместо да ја комбинира воената помош и инструментите на „меката сила“. Еден таков инструмент е Америка да дава пример за придржување кон уставнните принципи, владеењето на законите и човековите права. Меѓу другите се следење на интелигентни дипломатски ангажмани и иницијативи, вклучувајќи атомски договори и помош при катастрофи во некои од најсиромашните земји.
Стејт департментот и странската помош одамна се цел на оние кои сакаат кратење на буџетот затоа што мнозина американци не разбираат каква е користа од тие програми. Актуелната вредност на странската помош е околу еден процент од буџетот или 36,6 милиони долари за 2017 година. А и дел од тие пари искористуваат и во САД.
Дипломатијата не секогаш ја решава војната (Сирија е еден од примерите), но војната станува се поверојатна ако нема доволно дипломати кои ќе работата со другите страни за решавање на разногласијата. Меѓу неспорните примери за функционална дипломатија е договорот од 2015, со што се спречи развивањето на атомското оружје во Иран. Дејтонскиот договор од 1995 година стави крај на војната во Босна; и израелско-египетскиот мировен договор од 1979 година. Другите примери се неколку договори со кои Америка и Русија се ангажираа значително да го намалат својот нуклеарен арсенал. Американските дипломати зацврстија сојузи, изграија нови партнерства со земји како Куба и Мјанмар, ја промовираа демократијата така што стана помалку веројатно земјите да војуваат меѓу себа, и создадоа работни места со помошта за отварање на пазарите во странство за американски бизниси.
Американските интереси се остваруваат и ако им се помага на други држави да станат постабилни. Една здравствена програма која ја започна претседателот Џорџ Буш помогна да се сопре ширењето на СИДА од Субсахарска Африка, а после за време на администрацијата на Обама беше искористена за сопирање на епидемијата на ебола во Западна Африка. Други програми им помагаат на бегалци, финансираат подобрување на санитарните услови и водоснабдувањето, основното образование, енергетиката и борбата со тероризмот, а исто така ја гарантираат и размената меѓу странски студенти и експерти и нивните американски партнери.
За ниту едно од тие нешта не може да се каже дека Стејт департментот не е во состојба да ги направи поефикасни. Доларите на даночните обврзници треба разумно да бидат трошени. Но наместо да скратува од буџетот на департментот, кој е трошка во споредба со 600-те милијарди долари буџетот за Пентагон (кој ја надминува вкупната сума на воените расходи на следните седум најразвоени држави во светот), Трамп требаше да го повика Конгресот да го зголеми.
Државниот скретар Рекс Тилерсон, поранешен извршен директор на Ексон мобил, беше шокантно согласен со касапскиот потег на Трамп. Минатиот месец во Токио тој ги опиша сегашните расходи на департментот како „неодржливи“, и рече „дека ќе помине време и ќе има помалку воени конфликти во кои САД директно ќе се вмешуваат“. Ако таа изјава е вистинска, тоа би било аргумент против зголемувањето на расходите за Пентагон, а не за скратување на парите за дипломатијата.
За воља на вистината, Конгерсот кои ги држи конците за одрешување на кесето се дистанцираше. Најгласен меѓу критичарите беше лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, кој рече дека не го смета за умесно скратувањето за Стејт департментот, затоа што „многу пати допломатијата е далеку поефикасна – и значително поефтина – отколку воениот ангажман“. Во писмо испратено до лидерите во Конгресот минатиот месец, над сто генерали и адмирали изјавија дека Стејт департментот и Федералната агенција за меѓународен развој (УСАИД) се „критично важни за решавање на конфликти и намалување на неопходноста од испраќањето“ на американски војници „по опасни патишта“.
Прашањето е дали Трамп и Тилерсон – бизнисмени кои не се запознати со суштината на служењето на општеството, ќе ги слушнат се погласните гласови
Њујорк тајмс – Њујорк