„Да продолжиме да градиме пријателство“: Заев ја повика Бугарија да покаже европска големина

од Берта Китинска
188 прегледи

„Да продолжиме да градиме пријателство, важно е каква историја пишуваме сега, нашите млади луѓе сакаат да ги отвориме вратите и можностите за соработка, а не да бидеме заглавени во минатото“, оцени премиерот Заев Заев во интервјуто за вестите на Националната радиотелевизија истакна зборувајќи за решение за отворените прашања со Бугарија.

Тој упати порака директно до претседателот Радев и до техничката Влада во Софија да покажат европска големина кон еден од своите први соседи, Северна Македонија, да и  дадат шанса да го продолжи процесот за членство во ЕУ. Тој се повика и на консензуалната одлука на сите 27 земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Бугарија, дека сме ги исполниле условите за почеток на преговорите.

Тој додаде дека очекува да се одржи првата меѓувладина конференција, откако ќе се одржи состанокот на Советот на министрите кога ќе се донесат одлуките и ја повика Бугарија да продолжи во духот на европските манири и да го сврти повторно вниманието на Европската Унија кон овој регион.

„За идентитетот и јазикот не се преговара. Тоа што треба да го знае нашиот народ, е дека Европа должи. Ние испорачавме сѐ. Северна Македонија е земја која најмногу чекала од сите кои што сакаат да го продолжат европскиот пат. Од сите земји што некогаш биле кандидати денес се членки или се уште се кандидати ние чекаме најмногу, 16 години“, рече премиерот Заев во интервјуто и порача дека без Северна Македонија е загрозено проширувањето на ЕУ која самата таа го прогласи за своја стратешка цел.

Слични содржини