Комисијата за заразни болести (КЗБ) ќе треба да направи дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за поттик за масовна вакцинација.
КЗБ пред една недела препорача а нови мерки за сите вработени во јавниот сектор, кои во иднина за да дојдат на работа ќе мора да имаат или потврда за најмалку една примена вакцина, негативен ПСР тест, кој не е постар од 72 часа или потврда за прележан ковид, која што не е постара од 45 дена. Друга мерка која се предлага е задолжителна вакцинација за сите вработени во здравството.
Во очекување на дополнителните анализи, Владата ги задолжи ресорните министерства и инспекциски служби да ги вложат сите капацитети за зајакнување на примената и контролата на спроведување на сите активни мерки за заштита од ковид-19, а особено на системот на проверка на сертификатите за вакцинација, ПЦР тестовите и потврдите за прележана инфекција со ковид-19 низ ригорозна проверка на идентитетот на лицата кои ги прикажуваат овие документи за пристап во објектите каде што е тоа задолжително.
Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, а на починати е 7.492.
На надлежните институции им наложи да ги спроведуваат веќе донесените анти-ковид мерки, како и скрининг за утврдување на процентот на вакцинирани во јавната администрација.