Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за телвизија Канал 5 изјави дека пратеникот Талат Џафери е еден од посериозните кандидати за претседател на Собранието. Тој ги повика на дуел претседателот Ѓорге Иванов и премиерот, Никола Груевски заедно на дуел, за граѓаните да оценат кој е во право.
Денеска се избира претседател на парламентот, и таму треба да биде арената на дебатата, за да случнат граѓаните што е вистина а што лага. Нека дојде Груевски ан дуел пед новинари пред јавност за да се слушне што е лага а што вистина. Седницата денеска е закажана ќе работиме цел ден и ако треба и утре претседател на парлаент мора да с еизбере, па ќе го почекаме неколку дена Иванов пак ќе му дадеме шанса да го даде мандат. Враќање назад нема , влада мора да биде избрана , нагласи Заев.

Тој посочи дека денечната дебата во Парламентот ќе биде исто така можност да се слушне која е вистината, дека не е загрозена унитарноста на Македонија , туку едноставно станува збор само промена на власта, а дека повеќе од јасно е некој не сака да си оди.
-НЕ сака да си оди затоа што ќе биде суден и ние ветуваме владеење на правото, а за сите кои се огрешиле од законот да си одговараат, тоа е нашата владина програма. Јас одам секој ден на суд и тој ќе си оди, рече Заев.
-Избори заедно со локални е само замајување, ете и да ги има на тие ќе победиме, и Иванов пак нема да ни го дава мандатот! тоа е само губење време и пари. Сега се промените, сега го имаме мнозинството и ако не утре тогаш задутре ќе изберем нов Парламент, Претседател , а потоа и нова Влада, тоа е патот нема враќање назад.
Заев повика отворено да се смират страстите дека брбата и арената сега треба да биде во Парлаентот и собраниската дебата која сите можат да ја гледаат и да видат кој за што се залага.
Не смее да се дозволат судири,порача Заев, нема да ја снема Македонија , ќе избереме претседател на Парламент, потоа ќе му дадеме ушете 10 дена на Иванов да го додели мандатот, и нема друго порача во вечерашното интервју лидерот на СДСМ и претендент за иден премиер Зоран Заев.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија.погледете го целтото интервју: