Не е опасно за здравјето да седите по цел, но само ако станувате и се раздвижувате на секои 30 минути. Возрасните се во седечка положба од 9 до 10 часа од времето во кое се будни, а тоа може да доведе до кардиоваскуларни проблеми, па дури и смрт. Експертите велат дека особено важно е колку долг е периодот на седење помеѓу моментите во кои се раздвижувате. Ова важи особено за луѓето, чиј начин на живот е поврзан главно со седење, пишува “Дејли Меил” (Daily Mail). Научниците го истражувале времето во кое луѓето седат во текот на денот и го споредиле со нивоата на смртноста. Резултатите покажале дека оние кои станувале и се раздвижувале на секој половина час е помалку веројатно да се изложени на ризик од смрт отколку оние кои останувале седнати на подолго време.
Затоа експертите им препорачуваат на луѓето кои имаат работа која бара претежно седење, да се раздвижите на секој половина час, што ќе им помогне да останат активни и да имаат здраво срце. Истражувањето објавено во Annals of Internal Medicine, покажа дека возрасните кои седат еден до два часа без прекин, се во повисок ризик од смртност во споредба со оние кои често го прекинуваат седењето. Студијата покажала дека луѓето со најдолго време на седентарен начин на живот, повеќе од 13 часа на ден, и кои често имале заглавени периоди од најмалку 60 до 90 последователни минути, имале значително зголемување на ризикот од смрт. За разлика од нив, оние кои имале најмалку вкупно време на седентарен начин на живот и многу кратки периоди на седење, имале значително помал ризик од смрт.