Грчката влада доцна синоќа донела одлука да дозволи преминување на бугарско-грчката граница за српските државјани, потврди српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ за Радио телевизија Србија (РТС). 
„Денес се очекува и конечната одлука за понатамошен влез на нашите граѓани во Грција“, рече Дачиќ.
Како што објаснил тој, таа одлука засега се однесува само на границата со Бугарија, но не и со Северна Македонија.
РТС наведува дека во текот на вчерашниот ден над 50 автомобили со околу 200 српски државјани биле спречени да ја преминат бугарско-грчката граница, како резултат на ненадејната одлука на грчката влада да ги следи препораките на ЕУ за отворање граници со трети земји од 1 јули, и покрај претходниот договор на грчката и српската страна за взаемно отворање на границите.