Дачиќ: Југославија е најголема грешка, Англичаните сакаа Голема Србија

од desk2
102 прегледи

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вели дека се залажуваат оние кои мислат дека Србите се последни Мохиканци кои жалат за Југославија, која, според него е најголема грешка и трагедија за српскиот народ, и најави дека следната година дека ќе организира конференција за тоа каде е Србија 2018 во однос на 1918 година: што изгубила, а што добила.

 


„Тогаш, место победничка сила, од Србија по Првата Светска војна, створивме Кралство на Србите, хрватите и Словенците, каде војувавме за да се ослободи Блед, Бохињ, истра, за во 2018 година изгубиме се за што се боревме во таа војна“, вели Дачиќ.

Смета дека Србија не сака нова Југославија и дека Србите нема зошто да жалат за Југославија, туку за изгубените српски животи кои паднале за Југославија.

„Немам ништо против, тоа е убава идеја, но прво да одредиме што е Србија, што е српско, па потоа да расправаме за државни модалитети. Но, тоа не смее никој да го каже. Јас ќе организирам, како министер за надворешни работи, конференција на тема каде е Србија 2018 година во однос на Србија 1019 година“, додава Дачиќ.

Сепак, напомена дека Србија кохга влегла во Првата светска воја, се определила за стварање на Југославија, односно воената цел била стварање на Југославија.
„Кога Англичаните слушнаа за тоа, полудеа, тие нудеа Србија да постои во рамки на границите на она што тие го нарекуваа Голема Србија. Во граници каде добивс излез на море, за да не се створи Југославија. А, што дочекавме на крајот? Дочекавме сите оние кои гинеа за тоа, да го изгубат животот за утописки цели“, вели Дачиќ.