Дачиќ: Косово попрво ќе отвори амбасада на Месечината отколку во Србија

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ги демантираше пишувањата во медиумите дека Косово ќе добие амбасада во Белград и нагласи дека „попрво ќе отворат на Месечината отколку во Србија“.

Откако коалицијата СПС-ЈС-Зелените на Србија достави потписи за учество на изборите, Дачиќ нагласи дека ваквите лаги и манипулации секогаш се појавуваат пред избори.

Тој потсети дека секогаш пред избори велат дека Белград по изборите ќе воведе санкции кон Русија и ќе го признае Косово.

Слични содржини