Дачиќ: Крајната цел на Приштина е целосно иселување на српскиот народ од Косово

од Vladimir Zorba
311 прегледи

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во гостувањето во емисијата „Телеринг“ на Радио-телевизијата на Република Српска изјави дека крајната цел на властите во Приштина е целосно иселување на српскиот народ од Косово.

Дачиќ рече дека спроведуваат унилатерални акции и наместо нормализација, избираат да го ескалираат проблемот со цел да ги испровоцираат Србите до конфликти, а Србија да ја прикажат како нарушувачки фактор.

„Секоја нивна реченица е насочена против Србија, не само лично против претседателот на Србија Александар Вучиќ или мене, туку против Србија и српскиот народ на Косово и Метохија. Тие велат дека сме извршиле злосторства и геноциди. Последна средба во Брисел на министрите за надворешни работи каде што поканија претставници на Западен Балкан заврши кога високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, и го зеде зборот на косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала Швар, бидејќи тој повеќе не можеше да ја слуша“, изјави Дачиќ.

Слични содржини