Дачиќ: Состанокот на ОБСЕ во Скопје ќе биде многу тежок

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека министерскиот состанок на земјите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје ќе биде значаен, но тежок.

„Исто така, намерата на западните земји беше да го поканат рускиот министер (Сергеј Лавров) за да се проба да се постигне компромис во однос на буџетот и начинот на функционирање на целата организација“, изјави тој за новинарите по состанокот со неговиот колега од Казахстан, Мурат Нуртлеу.

Тој додаде дека оваа организација е под закана, а е создадена за време на Студената војна за да биде платформа за надминување и спречување конфликти.

Дачиќ рече и дека функционирањето на ОБСЕ не е лесно, имајќи предвид дека консензусот е начин на одлучување, како и сериозноста на проблемите со кои се соочува меѓународната заедница, поради војната во Украина и на Блискиот Исток.

„Таа средба во Скопје веројатно ќе биде многу тешка“, рече тој.

Слични содржини