Дачиќ: Во интерес на Србија е јас да бидам премиер

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ изјави денеска дека за неговата кандидатура за премиер може сериозно да се разговара само по објавувањето на изборните резултати, но дека во најдобар интерес на Србија ќе биде тој да да биде шеф на владата.

Дачиќ, кој е носител на изборната листа „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, во интервју за агенцијата „Бета“ изјави дека идниот премиер ќе биде од партијата или коалицијата што ќе освои најмногу гласови од граѓаните на претстојните избори.

„Нормално е јас, пред коалицијата СПС-Единствена Србија, да бидам кандидат за премиер, како што некогаш беше Александар Вучиќ пред Српската напредна партија (СНС), а не некој десетти. Сметам дека во најдобар интерес на Србија е јас да бидам премиер, но секако дека премиерот ќе го предложи партијата или коалицијата која ќе освои најмногу гласови од граѓаните на претстојните избори“, рече тој.

Дачиќ додаде дека целта на СПС е да има парламентарно и советничко мнозинство заедно со СНС и Вучиќ.

„Не се сомневам дека идната влада повторно ќе биде составена од СНС и СПС, заедно со другите партии кои се во коалиција со нас“, подвлече тој.

Слични содржини