Германскиот гигантски производител на автомобили Daimler пред американската компанија Tesla успеа да го претстави првиот електричен камион E-Fuso Vision One на саемот на автомобили во Токио.

Многу учесници на саемот не очекуваа дека ќе имаат можност да го видат електричниот камион на Дајмлер, само една година откако компанијата го претстави првиот прототип на електрични камиони.
Камионот на Daimler со едно полнење може да помине 349 километри, а способен е да влече товар од 11 тони. Производството на камионот E-Fuso Vision One беше план на компаниите Mitsubishi и Daimler кои одлучија заедно да направат електричен камион комбинирајќи ги сите нивни големи возила.
Електричните камиони најмногу ќе послужат во оние градови коли во скора иднина планираат да забранат возила со мотори со внатрешно согорување. Иако E-Fuso Vision One има долготрајна батерија, Daimler не откри детали за начините и брзината на полнење.
Според нив, зрелите пазари како Јапонија и Европа, може во следните неколку години да имаат подготвена инфраструктура за едно возило како електричен камион.
Лани, Daimler го претстави прототипот на електричен камион Urban eTruck со кој најави дека за пет години електричните камиони треба да се појават на пазарот.
Urban eTruck се полнеше со помош на систем за полнење чија сила од 100 kW овозможува полнење на празните батерии за два до три часа.
Од друга страна, компанијата Tesla го одложи производството на електрични камиони поради неколку проблеми со производство на Моделот 3 и хуманоста на основачот Елон Маск кој минатите денови е зафатен поради пружањето помош на жртвите на ураганот во Порторико.