Дали Албанците ќе живеат подобро ако премиерот биде Албанец само 100 дена, прашуваат од Алтернатива

од Nikola Popovski
288 прегледи

Вистинското прашање е дали Албанците ќе живеат подобро ако Премиерот биде Албанец само 100 дена?, прашуваат од Алтернатива за идејата премиер Албанец што вчера ја спомна народниот правобранител Насер Зибер.

Од партијата во изјава за „Локално“ велат дека „проблемите во нашето заедничко општество не можат да ги решат тие што ги прават“.

Според нив, најважен е квалитетот и способноста да се испорачуваат политики и ефикасно да се спроведуваат.

-Албанците покажуваат дека имаат кадри за сите државни должности и кои знаат и умеат да се справуваат со предизвиците. Тоа се луѓе со чест и без дамки во своите биографии. Граѓаните бараат акција и резултати. Уморни се од дневната политика и суетите на поединци, истакнуваат од владеачката партија.

Претходно од партијата БЕСА за „Локално“ соопштија дека со ваквата идеја „ДУИ сака да прикрие некоја корупциска афера“.

-Само едно сме сигурни дека секогаш кога треба да се прикрива некоја коруптивна афера, ДУИ маестрално се обидува да ја актуализира оваа тема, истакна портпаролот на БЕСА, Фарук Авдиу.

Зибери вчера во гостување на дебатна емисија рече дека идејата за Албанец премиер е договор меѓу партиите и смета дека ќе се почитува.

Н.П.

Слични содржини