Дали Авиган е лекот кој ќе ја победи короната? Почна тестирањето на 50 пациенти, но има еден лош детаљ!

од Aleksandar Petrovski
160 прегледи

Компанијата Фуџифилм објави дека ќе започне клиничко тестирање на антивиротикот Авиган во САД за лекување на пациенти заболени со КОВИД-19, пренесе новинската агенција Кјодо.

Лекот, развиен од компанијата Фуџифилм од Јапонија и се користи за лекување на грип, е ефикасен во лекувањето на КОВИД-19, како што покажуваат извештаите од Кина.

Компанијата соопшти дека клиничките испитувања во САД ќе бидат спроведени на околу 50 пациенти и ќе бидат спроведени во соработка со неколку болници и универзитети во оваа земја.

Клиничкото тестирање на Авиган за лекување КОВИД-19 започнало во Јапонија минатата недела. Доколку лекот се покаже безбеден и ефикасен, јапонската влада би можела да ја одобри неговата употреба за лекување на респираторни заболувања предизвикани од коронавирусот, во текот на летото.

Јапонската влада побара од Фуџифилм да го зголеми производство на овој лек како резултат на зголемувањето на бројот на заболени. Според пакетот мерки за економска помош, усвоени во вторникот, владата ќе одвои 13,9 милијарди јени или 127 милиони американски долари за тројно зголемување на националните залихи со Авиган, кои би биле доволни за лекување на два милиони луѓе.
Многу странски влади сакаат да купат Авиган. Јапонија планира да го обезбеди лекот бесплатно на 20 земји низ целиот свет, како и да донира 1 милион американски долари на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги за негова набавка и дистрибуција.

Фуџифилм објави дека лекот ќе се користи само кога јапонската влада така ќе одреди, односно кога другите антивиротици се покажат како неефикасни во лекувањето на КОВИД-19. Затоа, лекот ќе се произведува и дистрибуира само по барање на јапонската влада и нема да биде достапен на пазарот во Јапонија, САД или која било друга земја, наведуваат од компанијата.

Авиган, познат како Фавипиравир, не треба да го користат бремени жени или жени кои планираат бременост, бидејќи се претпоставува дека предизвикува деформитети на фетусот.