„Дали Бајден се дрогира“: Трамп побарал допинг-тест пред дебатата со демократскиот противкандитат

од Nikola Popovski
182 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп изразил изненадување од успехот на неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден во последната дебата со Берни Сандерс.

Тој изјавил дека ќе побара допинг-тест пред дебатата со Бајден, бидејќи „има сомнежи за здравјето на својот противник“ од редовите на демократите.

Без да презентира докази за тоа тврдење, Трамп во интервју за американските медиуми соопштил дека бил заинтригиран од ненадејното подобрување на настапите на Бајден во дебатите на предизборните митинзи на демократите, пишува Би-Би-Си.

Трамп изразил изненадување од успехот на Бајден во последната дебата со Берни Сандерс во март.

Според тајмлајнот на Трамп, Бајден дури и не се разбирал што зборува за време на некои од 11-те ТВ дебати против партиските конкуренти. Меѓутоа за време на последната дебата на 15-ти март, на која останаа само Бајден и Берни Сандерс, сегашниот демократски кандидат одеднаш имал добар настап против Берни.

„Го гледав на трибините и дебатите со сите тие луѓе. Не знам како можеше да биде некомпетентен, а против Берни беше многу добар“, рекол Трамп.

Бајден и Трамп ќе имаат 3 претседателски ТВ дебати пред изборите на 3-ти ноември. Трамп побара да има повеќе дебати.

Актуелниот американски претседател, исто така, во есента 2016 година рекол дека неговата тогашна  противничка, Хилари Клинтон можеби користи дрога.

Слични содржини