По неуспешната средба во Белата куќа меѓу украинскиот претседател Зеленски и Американскиот Трамп, британскиот премиер Кир Стармер се позиционира како градител на мостови. Тој ги покани европските шефови на држави или влади на самит за Украина во Лондон во недела (2.03), а веќе денеска во Лондон го пречекува украинскиот претседател Зеленски.
Стармер во телефонски разговор со Зеленски и со Трамп ја нагласил својата непоколеблива поддршка за Украина но повикал да сѐ најде пат кон траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина. За разлика од многу други европски политичари, Стармер не ја изрази својата поддршка за Зеленски преку социјалните мрежи, а од Британските медиуми ова е протолкувано како обид за посредување помеѓу Киев и Вашингтон.
Покрај Зеленски, на самитот во Лондон во недела се очекува да присуствуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, полскиот премиер Доналд Туск, други шефови на држави или влади, како и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта.