Сите три руски вакцини против коронавирус можат да ги користат луѓе со дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, но конечната одлука е на докторот на пациентот, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.
Тој рече дека дефинитивно треба да се препорача вакцинација, бидејќи луѓето од овие две категории имаат најсериозни симптоми кога добиваат коронавирус, пренесува ТАСС.
„Овие вакцини се фактор за спасување животи и ќе ги спасат од заканувачки компликации. Сите три вакцини можат да се користат, а на докторот е да одлучи која“, рече Мурашко.
Тој потсети дека вакцините Спутник V и Епивакорон во моментов се достапни во Русија, а наскоро се очекува да се користи и Ковивак.
„Првите две се достапни за сите граѓани постари од 18 години“, рече тој.