Во споредба со 2022 година, Кејт Мидлтон потрошила речиси 50.000 фунти помалку на нови гардероба, но сумата вложена во облека и модни додатоци е сепак огромна.
Кејт Мидлтон оваа година ја видовме во многу елегантни изданија – од оние полежерните со панталони и сако до најсвечениот аутфит за крунисувањето на кралот Чарлс Трети. И покрај тоа, принцезата од Велс пронашла начин да заштеди на гардероба.
Имено, идната кралица во 2023 година потрошила дури 50 илјади фунти помалку на облека во однос на годината пред тоа.
Page Six Style ја пресмета вкупната цена на парчињата кои ги носела 41-годишната принцеза во 2023 година (не вклучувајќи ги нарачаните парчиња или облека која не може прецизно да се идентификува). Конечниот резултат е импресивни 72.433 долари за нова облека, чевли и други модни додатоци.
Ако се прашувате како успеала да потроши над 70 илјади долари на својата гардероба, тоа е поради неколку екстремно скапи парчиња како фустан на Џени Пакам од 3.821 долари и ретро гламно здолниште Ердем за 4.191 долари. Најевтини беа фармерките Mother за 228 долари и блејзерите Zara под 100 долари.
Се разбира, никогаш нема да ги дознаеме вкупните трошоци за нејзината гардероба направена по нарачка, како што е неверојатната наметка за крунисувањето на Александар Меквин.
Нејзината стапка на повторно носење, иако е подобрена, сè уште е релативно ниска во споредба со другите членови на кралското семејство, како што се холандската кралица Максима, шпанската кралица Летиција и принцезата Марија од Данска кои редовно го облекуваат истото.