Дали е ова доказ дека Навални бил отруен? Има иста лузна како друга жртва на „новичок“

од Vladimir Zorba

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е пуштен од болницата во Берлин, а фотографијата што ја објави на Инстаграм покажува лузни на вратот, слични на оние што се гледаат на другите жртви на „новичок“.

На најгласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин му се слоши на 20 август и беше префрлен во Берлин на лекување откако помина 24 часа во кома во болница во Омск, Сибир. Подоцна германските лекари заклучиле дека Навални бил отруен со смртоносниот нервен агенс.

Во изјавата во средата, болницата „Шарита“, каде се лекуваше Навални по наводното труење, рече дека Русинот бил ослободен од неа во вторникот по 32 дена, од кои 24 ги поминал на интензивна нега.

Во вторникот, Навални објави своја фотографија на која се гледаат лузните на вратот, кои ги немаше пред труењето.

Лузните се совпаѓаат со оние што се гледаат на Јулија Скрипал, друга жртва на „новичок“, откако беше пуштена од болницата во мај 2018 година.

Таа и нејзиниот татко, поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, беа отруени во Солсбери, Англија во март 2018 година.

Во тоа време, експертите ги припишуваа лузните на Јулија на трахеотомија, што е хируршка процедура за отворање дупка во душникот на лицето за да и помогне да дише, пренесува „Бизнис Инсајдер“.

Навални уште еднаш на Инстаграм изјави дека руската влада стои зад нападот врз него.

– Владимир Путин му рече на својот француски колега: „Навални можел сам да го голтнал отровот“ – напиша Навални, повикувајќи се на веста во „Монд“, во која се вели дека Путин му рекол на Емануел Макрон дека Навални можеби се самоотрул.

– Мојот план беше да зготвам „новичок“ во кујната, да го голткам полека во авионот, да умрам и да завршам во мртовечницата во Омск, каде што ќе се наведе мојата причина за смртта како „тој живеел доволно долго“ – напиша Навални на Инстаграм.

Кира Јармиш од тимот на Навални минатата недела изјави дека опозиционерот планира да се врати во Русија со цел да ја продолжи својата работа.

Отпрвин, неговиот тим верувал дека отровот бил истурен во неговиот чај. Сепак, на 17 септември беше објавено дека на неколку шишиња вода во неговата хотелска соба во Томск, Сибир, биле пронајдени траги од „новичок“.

loading...

Слични содржини