📷🎥Дали е ова фотографијата која Кејт Мидлтон ја „вметна“ во семејниот портрет и создаде хаос?

од Vladimir Zorba
504 прегледи

Руби Налдрет, која е задолжена за социјалните мрежи на британскиот таблоид Дејли Мирор, на својот Х профил ја сподели својата теорија за контроверзната фотографија која Кејт Мидлтон ја објави на Денот на мајката. По деталното набљудување и самата потврди дека е дигитално манипулирана, а нашла и фотографија од Кејт Мидлтон за која е сигурна дека е искористена во последната.

Таа тврди дека принцезата од Велс користела фотографија од снимањето на Вог во 2016 година и ја поткрепила со фотографии.

„Мојата анализа на фотосагата на Кејт Мидлтон вели дека таа го „зела“ своето лице од насловната страница на „Вог“ што ја сними пред неколку години, а потоа го уредила“, објасни Налдрет во твитот што оттогаш стана вирален и е прегледан над 35 милиони пати за неколку часа.

Во објавата таа вклучи и насловна страница на Vogue снимена пред осум години, а покрај неа семејниот портрет на Кејт Мидлтон, кој Кенсингтонската палата го објави во неделата по повод Денот на мајката.

„Затоа нејзината коса е матна и проѕирна затоа што на тоа место шеширот ја „сплеска“, е еден од коментарите на објавата на Руби Налдрет.

Сепак, не сите се толку убедени во нејзината теорија. Напротив, има значителен број на оние кои се скептични.

„Нема сличност таму. Тоа е само исто лице со иста насмевка затоа што тоа е истата личност. Не е ни оддалеку слично“, пишуваат на социјалните мрежи.

Спорната фотографија и понатаму предизвикува голема врева, особено во Велика Британија, каде јавноста не ја крие загриженоста за се што се случува околу Кејт Мидлтон.

Слични содржини