Дали е ова почеток на крајот на епидемијата на коронавирус?

од Nikola Popovski

Неодамнешните истражувања сугерираат дека сојот омикрон предизвикува многу помалку сериозни заболувања од претходните соеви, но експертите предупредуваат дека е премногу рано да се извлечат заклучоци.

Британските ресторани, пабови и ноќни клубови ги откажуваат новогодишните прослави, а земјата е на прагот на уште една мрачна Нова година. Здравствените власти во Велика Британија уште еднаш предупредуваат на можно преоптоварување на болниците поради зголемениот број тешко болни пациенти. Сепак, голем број експерти сметаат дека ова сценарио е малку веројатно.

Сепак, самото спомнување на екстремно сценарио предизвикува стравувања дека суровите мерки би можеле да ги обликуваат празниците во Европа и во годините што следат.

На прв поглед е впечатлива сличноста на овогодишниот раст на бројот на заразени со состојбата од минатата година – за само неколку недели драстично се зголеми бројот на заразени со коронавирус.

За среќа, овогодинешниот број на хоспитализации и смртни случаи моментално е многу низок, а најновото истражување сугерира дека омикронот предизвикува многу помалку сериозни болести во споредба со претходните видови.

Иако авторите на студијата веруваат дека ова е добра вест, тие повикаа на претпазливост.

Бројот на новозаразени лица продолжува да расте на дневна основа – во петокот во Британија имало рекордни 122.000 случаи, а се проценува дека минатата недела имало 1,7 милиони активни случаи во земјата.

Клучната работа е што новозаразените се претежно помлади луѓе, поради што некои научници предупредија дека бројот на хоспитализирани може да скокне доколку постарата популација почне да добива омикрон.

Од друга страна, голем број луѓе, особено постарите, беа вакцинирани со две дози, а некои со бустер, што им даде значителна заштита од новиот сој.

Сè уште не е познато како овие различни фактори ќе влијаат на бројките. Податоците се уште се анализираат и рано е за каков било конечен заклучок.

„Имаме неизбежно заостанување од моментот на инфекција до хоспитализација. Во меѓувреме мора да се донесат политички одлуки, а тоа не е лесно“, вели епидемиологот Марк Вулхаус од Универзитетот во Единбург, пренесува „Јутарњи лист“.

Многу научници веруваат дека доказите потврдуваат дека коронавирусот конечно ќе ја изгуби својата моќ да предизвикува посериозни болести, а за ваквиот став придонесуваат и неодамнешните истражувања во Шкотска, Англија и Јужна Африка, од каде потекнува омикронот.

„Имам чувство дека оваа варијанта е првиот чекор во процесот во кој вирусот се прилагодува на човечката популација за да предизвика повеќе бенигни симптоми. Во извесна смисла, тоа е предност на вирусот ако влијае на луѓето за да не се разболат премногу – затоа што на тој начин можат да одат наоколу и да се дружат со други и да го шират вирусот уште повеќе“, рече д-р Џулијан Танг, професор на Универзитетот во Лестер.

Фото: Алексей Сухоруков

Слични содржини