Дали ЕУ ќе го оствари сонот за војската поради овие три работи

од Vladimir Zorba
70 прегледи

 

Лидерите на Европската унија често изразуваат желба за европска војска, а откако еден мелогомански обид таа желба да се оствари мина катастрофално, сега тој проект полека ги добива контурите.

Неколку години по завршувањето на Втората светска војна, со договор беа регулирани сите детали за европската војска за која војници би давале Франција, Германија, Италија и земјите од Бенелукс, но и детали како што се униформи и јасна командна структура.

Беше предвиден и Комесаријат кој би имал девет претставници и би бил овластен да ја испраќа војската на фронт, а би бил под контрола на Европскиот Парламент составен од пратеници од државите членки.

Воените единици на пониско ниво би биле чисто национално организирани, а офицерите кои би им командувале би биле од различни земји – учеснички.

Многу работи беа подготвени за тој најамбициозен проект на повоена Европа, кој пропадна во летото 1954 година поради отпорот на францускиот Парламент.

Сепак, откако таа европска одбранбена заедница неуспеа, плановите за европска армија со децении беа во фиока, а сега се повторно на маса, за што придонес има недостигот на интерес од американската влада под водство на Доналд Трамп кога е Европа во прашање, зголемената загрозеност на континентот поради Русија и повлекувањето на Велика Британија од ЕУ најавено за март 2019 година.

Новиот почеток се случи во ноември 2017 година кога 25 земји од ЕУ договорија „постојана структурна соработка“ за воени прашања, која предвидува заеднички проекти на вооружување, но и поблиска соработка меѓу армиите.

 

Министрите за одбрана на ЕУ оценија дека тој облик на сорботка би можел да биде подготовка за формирање европска армија, а паралелно со тоа се зголемува и соработката на национлно ниво.

Прекуграничката соработка не е само политичка цел, а Европејците на тој начин сакаат и да ги намалат трошоците или едни на други да им овозможат пристап кон воените можности што партнерите ги немаат.

Пример за тоа е Морнарицата бидејќи оваа година би можела да почне договорената интеграција на сите германски маринци (800 војници) во холандска Воена морнарица, што подразбира право на користење на холандскиот брод за снабдување и поддршка „Харел Дорман“, кој е соодветен за амфибиски операции.

Воената соработка во Европа не е забрзана само поради политичката волја, туку пред се, поради воената потреба, што важи за помалите земји, како што е Холандија, но и за големите во ЕУ. како што се Франција или Германија./DW