Германија и Европа би требало да влезат во дијалог со новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп со цел подобра соработка на економски план.

Ова го изјави претседателот на германскиот инститот ИФО, Клеменс Фуест.
-Трамп има јасни цели, а тоа е отворање на нови работни места во индустријата на САД, помал увоз и зголемување на придонесите на европските држави во НАТО. Меѓутоа му недостига убедлив концепт за успешно достигнување на своите цели, се вели во соопштението на првиот човек на ИФО.
Како што истакна Фуест, постои опасност политиката на Трамп да не успее и тој да тргне во потрага на „жртвено јагне“.
-Такво „жртвено јагне“ би можела да биде германската економија со својот висок извозен суфицит, предупреди Фуест и додаде дека се уште е рано за реакција од страна на германските или европските власти во врска со изјавите на Трамп.
Идниот претседател на САД, во интервју за Билд истакна дека доколку германските автопроизводители не отворат фабрики во САД, тој ќе ги зголеми даноците за увоз на автомоболи на 35 отсто.