Дали Груевски со изборот на Деановски сака да прикрие финансиски недоследности во работењето на УПОЗ?

од Берта Китинска
284 прегледи

Според неколку членови на Претседателството на УПОЗ, сегашниот претседател, Пецо Груевски кој ги распишал изборите на 25 октомври, одлучил негов наследник да биде Трпе Деановски, сегашниот втор потписник на сметките на УПОЗ и близок пријател на еден од неговите синови и лице кое најверојатно треба да ги прикрие одредените финансиски недоследности за кои медиумите веќе известија дека има кривична пријава.

Највисокото раководство (претседателот и генералниот секретар) донесуваат одлука Трпе Деановски да биде единствен кандидат за претседател, иако досега, согласно Статутот на синдикатот, синдикалните организации се тие кои предлагаат можни кандидати, потоа Претседателството треба да ги утврди кандидатите кои добиле поддршка од 1/3 од синдикалните организации и 1/3 од членовите, а Конгресот е телото што го бира претседателот преку гласање на делегатите.

Иако добар дел од синдикалните организации почнале да предлагаат и други можни кандидати за претседател, Груевски и Деановски преку притисоци и закани врз претседателите и членовите на синдикалните организации (но и со ветувања за одредени финансиски бенефиции) прават сè Деановски да остане како единствен можен кандидат за претседател на УПОЗ.

Разврска се очекува и по статутарните канали на Синдикатот на УПОЗ, но и преку судските институции.

Слични содржини