Дали Јанева, Боки 13 и Кичеец ќе бидат обвинети ќе се знае на 15-ти октомври

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Денес е последниот ден во кој првиот и третиот осомничен во случајот „Рекет“, Катица Јанева и Бојан Јовановски, имаат можност да прават увиди во доказите за предметот во кој се гонат, следно со што ќе се соочат е обвинение .

Јовановски и Јанева се уште немаат дадено исказ пред Русковска откако се осомничени во „Рекет“. Нивните адвокати побараа прво да направат увид во доказите, па потоа нивните клиенти да дадат исказ.

На 15-ти октомври Јавното обвинителство ќе соопшти  дали ќе покрене обвинение за случајот „Рекет“ и тројцата инволвирани од осомничени ќе станат обвинети.

„До 15-ти октомври поминуваат 90 дена од истрагата, што очекувам да заврши со обвинение, а граѓаните да ја знаат целата вистина. Ова ќе го охрабри судството да продолжи да одлучува, само врз основа на Уставот и законот и на сопствено убедување.“ – изјави премиерот Зоран Заев.

Слични содржини