Дали ќе биде доволно: 74 проценти од луѓето во светот сакаат да ја примат вакцината против Ковид-19

од Nikola Popovski
167 прегледи

74 проценти од луѓето ширум светот сакаат да ја примат вакцината против Ковид-19, иако тоа можеби не е доволно за искоренување на вирусот, покажува студијата на Светскиот економски форум (WEF) и Ипсос.

Од 24 јули до 7 август биле анкетирани 20 000 луѓе во 27 земји низ светот, објави американската телевизија CNBC. Резултатите од истражувањето покажале дека повеќето од испитаниците биле подготвени да ја примат вакцината.

Испитаниците во Кина, 97 проценти од нив, сакаат да бидат вакцинирани, а најмал број на оние кои би се вакцинирале е во Русија – 54 проценти. Сепак, загрижувачки е што една четвртина од луѓето немаат намера да се вакцинираат, соопштил Светскиот економски форум.

„Количината на недоверба во вакцината е доволна за да се загрози ефикасноста на вакцинацијата против коронавирус“, рекол Арнаулд Бернаерт од Светскиот економски форум.

Слични содржини