220
Пратеникот од ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица Драган Ковачки, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат, обелодени денеска пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.
Каевски на прес-конференција во седиштето на СДСМ упати неколку прашања до неговиот колега од Собранието:
-Што било клучно НАТО да го одбие Ковачки? Дали Ковачки оддавал воени или државни тајни? Дали бил шпион против државата? За чии странски интереси одработува Ковачки? За сите овие прашања треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ, истакна пратеникот.
Каевски додаде дека „Драган Ковачки е дезертер од Армијата кој армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Мицкоски како пратеник“.