Дали Меркел ја одбра својата наследничка?

од desk2
88 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел и лидер на Христијанско демократската унија Ангела Меркел ја именуваше за генерален секретар на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер.

Според толкувањето на многу медиуми, Меркел со тоа ја избрала својата наследничка.

Германскиот дневник „Зодојче цајтунг“ објави дека Меркел сака премиерката на покраината Зарланд Крамп-Каренбауер да го замени Петер Таубер на местото генерален секретар на ХДУ.

Претседателството на ХДУ тој предлог го прифати, а на собранието на партијата на 26 февруари таа треба да биде и избрана.

Крамп-Каренбауер седум години е на чело на покраината Зарланд и сега трена да премине на сојузна политика.

„Зидојче цајтунг“ објави дека идејата за премин во сојузна политика дошла од Крамп-Каренбауер и дека за тоа разговарале пред неколку месеци. Многумина во паритјата сметаат дека Крамп-Каренбауер може да биде наследничка на Меркел на местото канцелар.

И Меркел од 1998 до 2000 година беше генерален секретар на партијата, а во 2005 година стана канцеларка.

Во партиските кругови Анегрет Крамп-Каренбауер ја нарекуваат АКК. Таа важи, слично како и Меркел, за прагматична политичарка, која, ако го преземе наследството од Меркел да ја продолжи нејзината политика.

Се разликува во некои работи како во хактот што е ќерка на протестантски свештеник, мајка е на три деца, и повече од Меркел инсистира на зачувување на конзервативните вредности на политиката.

Крам-Каренбауер се изјасни против овозможувањето бракови за истополови партнери и се бореше против одлуката на судот во Заберикен од судницата да се исфрли христијанскиот крст.