Дали Мицкоски во Давос има средба со посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ

„Средбата со компанија која работи со програми за престој и државајнства, доаѓа по одлуката за прием на 10.000 „економски работници“, промената на Законот за странци и договорот за кој известија британските медиуми“, велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
41 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Опозициската СДСМ вели дека според информациите кои се им се нив доставени в четврток на 22 јануари во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и државјанства, преку различни типови на инвестиции.

Средбата е планирана со почеток во 18,30 часот во Global Citizens House, во Давос.

Оваа средба, со компанија која работи со програми за престој и државајнства, доаѓа по одлуката за прием на 10.000 „економски работници“, промената на Законот за странци и договорот за кој известија британските медиуми.

„Прашуваме, дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите?

Дали на Владата толку ѝ требаат пари што и се брза преку посредници да ги осигура?“, велат од СДСМ