Дали ни се заканува НОВА ПАНДЕМИЈА? Два вида на коронавирусот се споија во високо мутирана хибридна верзија

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Два вида на коронавирус ги споија своите геноми во високо мутирана хибридна верзија на вирусот.

Откриен е случај на „рекомбинација“ во примерок од вирусот во Калифорнија, а неговото откритие предупредува дека можеби ќе можеме да влеземе во нова фаза на пандемијата.

Според New Scientist, новиот хибриден вирус е резултат на рекомбинација на високо преносливата варијанта откриена во Велика Британија и видот откриен во Калифорнија, за кој се претпоставува дека е одговорен за неодамнешниот голем бран на инфекции во Лос Анџелес.

Станува збор за видот Б.1.429 на коронавирусот, кој е отпорен на постојните антитела на оние кои веќе ја преживеале короната. Заедно со британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот, калифорнискиот вид е уште една мутација која кружи веќе некое време.

– Сè уште има помал број на лица заразени со калифорнискиот вид, но се чини дека оваа варијанта е позаразна од оригиналната, што не значи дека станува збот за потешка форма на клиничката слика. Она што досега го знаеме за британскиот вид, влева надеж дека повеќето вакцини обезбедуваат заштита од новите видови, така што се надеваме дека ќе биде исто и во случајот на овај калифорниски вид – рече д-р Јасмин Пламер од медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес .

Рекомбинацијата на британскиот и калифорнискиот вид ја откри д-р Бети Корбер од Националната лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико. Пред две недели, таа навести дека забележала доста јасни докази за тоа во базата на податоци на американски вирусни геноми.

Доколку нејзиното откритие биде потврдено, ова ќе биде првиот „рекомбинант“ откриен во оваа пандемија. Во декември и јануари, две истражувачки групи објавија дека не пронашле емпириски доказ за рекомбинација на вирусот, иако тоа долго се очекуваше, бидејќи е честа појава кај коронавирусот.

За разлика од редовната мутација, каде што промените се акумулираат една по една, рекомбинацијата може да собере повеќе мутации во еден потег.

Практично никој од популацијата нема развиено имунитет против ваквите нови форми на вирусот, па затоа тие лесно се шират и затоа можат да предизвикаат нови пандемии. Создавањето на нови рекомбинантни форми на вирусот и последователните пандемии биле случај во минатото, а најпозната е пандемијата на шпанскиот грип.

Корбер забележала само еден рекомбинантен геном меѓу илјадници секвенци и сè уште не е јасно дали тој се пренесува од личност на личност или тоа било еднократно.

Слични содржини