Се уште не е детектиран јужноафриканскиот вид на Ковид-19 во земјава: Двајцата сопружници се заразени со британскиот

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека јужноафриканскиот вид се уште не е детектиран во нашата земја, откако денес стигнаа резултатите од брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се вратил од Занзибар. Како и кај првиот, така и кај овој е детектиран британскиот сој на коронавирус.

65-годишниот битолчанец со сопругата престојувале во Занзибар и се вратиле во Битола на 26 март, а два дена пред да се вратат обајцата пројавиле симптоми на ковид-19. Тој со бубрежни оштетувања и позитивен тест на коронавирус од 1 март е хоспитализиран во Струшката болница за нефрологија.

Слични содржини