Дали никотинот помага против коронавирусот?

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Според нова студија од Франција и претходни од Италија, пушачите би можеле да бидат подобро заштитени од короната, бидејќи никотот, наводно, спречува вирусот да се врзува за рецепторите. Истражувањата во САД, пак, го покажуваат токму спротивното.

Француските научници од Институтот „Пастер“, предводени од невробиологот Жан-Пјер Шанже, претпоставуваат дека никотинските фластери би можеле да помогнат во спречување на инфекција со овој опасен вирус. Тие дошле до овој заклучок затоа што, според нивните податоци, само мал број пушачи биле забележани меѓу заболените од Ковид-19.

Никотинот како заштита?

Француските научници тргнуваат од тоа дека никотинот може да заштити од коронавирусот. Ова се заснова на хипотезата „дека никотинот се лепи за рецепторите на клетките [ACE2] што ги користи вирусот и со тоа го спречува врзувањето на вирусот за рецепторите“, објаснува Шанже.

Заклучокот на научниците е дека вирусот не може да навлезе во клетката и не може да се шири низ организмот. Ова сега треба подетално да се испита во болницата „Ла Питие Салпетриере“ во Париз.

Која е всушност улогата на ACE2 рецепторите?

Меѓутоа, мислењата на научниците се разликуваат кога станува збор за тврдењето дека ACE2-рецепторите имаат блокирачки ефект. Невролозите Џејмс Л. Олдс и Надин Кабани од Ферфакс, Вирџинија, објавија студија во списанието The FEBS Journal на 18 март во која поаѓаат од тоа дека никотинот ги повеќе ги надразнува рецепторите на клетките.

Затоа, тие претпоставуваат дека вирусите имаат уште подобра шанса да навлезат во клетките. И тоа може да биде објаснување зошто пушачите имаат особено тешки симптоми.

Дали се во право француските научници или нивните американски колеги, можат да покажат само понатамошните истражувања.

Слични содржини