Утрово пред поликлиниката „Јане Сандански“ големи редици и гужви за вакцинација. Горѓи Андоновски, пензионер од Кисела Вода, се пожали дека мора да се организира редот пред поликлиниката со цел да не се создаваат гужви. Вели дека страда од хронична болест и гужвите пред амбулантата може да биде ризични за секого.
-Имав термин за ревакцина со „Астра Зенека“, имаше голема гужва пред поликлиникатаво Аеродром. Редот споро се движеше, а меѓувреме пристигнуваа граѓани за вакцина. Се вратив дома и телефонски стапив во контакт со лице вработено во поликлинката кое ми посочи да поробам да дојдам поладне бидејќи постои можност да се намали гужвата. Отидов во 16:30 часот се уште имаше ред пред амбулантата, вели Андоновски.
Владата пред неколку дена информираше дека од 16 август лицата кои ќе сакаат да присуствуваат на настани во кои би учествувале повеќе од 30 лица ќе мора да приложат задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку за прва доза, на редарската служба која ќе биде задолжителна на влез во секаков вид објект.
Од Министерството за здравство пред еден месец посочија дека за вакцинација нема потреба повеќе да се закажува и дека доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат податоци и граѓаните за да бидат евидентирани во системот „Мој термин’“.
Вакцинирањето без термин во моментов се одвива низ поликлиниките во Скопје, откако вакциналниот пункт за масовна имунизација против ковид-19 во спортската сала „А1 Арена“ беше затворен на почетокот на месецов.
Фото:Принтскрин