Дали Оскарите ќе бидат откажани за прв пат во историјата?

од Nikola Popovski
16 прегледи

Овогодинешната церемонија на Оскарите би можела да биде во сериозна опасност, пренесува британски „Мирор“. Поради пожарите во Лос Анџелес, за прв пат по 96 години се разгледува можноста за откажување на овој престижен настан.

Официјалниот одбор за Оскарите секојдневно ја следи ситуацијата во Лос Анџелес. Според изворите, одржувањето на церемонијата среде разорните пожари може да остави лош впечаток.

„Во моментов, најголемата грижа на одборот е да не изгледа како да славиме додека многу жители на Лос Анџелес се соочуваат со загуби. Дури и ако пожарите се изгаснат следната недела, реалноста е дека градот ќе продолжи да страда и да се справува со последици со месеци“, рекол неименуван извор за „The Sun“.

Номинациите за Оскар, првично закажани за 17 јануари, веќе се одложени. Би-Би-Си тогаш објави дека номинациите ќе бидат објавени на 19-ти јануари, но сега дури и тоа е доведено во прашање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Academy (@theacademy)

„Нашите мисли и најдлабоко сочувство се со нашите членови и колеги погодени од пожарите во Лос Анџелес“, објави Академијата на Инстаграм.

За сè огласи и извршниот директор на Академијата, Бил Крамер:

„Почитувани членови на Академијата, сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до погодените од разорните шумски пожари низ Јужна Калифорнија. Многу од нашите членови и колеги од индустријата живеат и работат во Лос Анџелес, а ние мислиме на вас“.

Оскарите, кои се сметаат за најважниот настан во филмската индустрија, сега е под голем сомнеж, а Академијата внимателно го следи понатамошниот развој на настаните.

Слични содржини