Дали ова ќе биде најстрашниот хорор годинава?

437 прегледи

Оваа година ќе им понуди на љубителите страв и ужас, но доколку се суди по мрачниот трејлер, Антебелум ќе се издвои од толпата.

 

Детали околу сценариото се уште не се откриени, освен дека режијата ја потпишуваат Жерард Буш и Кристофер Ренз, а ќе им се придружи и Шон МекКитрик, продуцент на филмот Get Out и Us, кои буквално ги преплашија гледачите.

Ниту трејлерот не зборува многу, а она што може да се заклучи е дека приказната следи успешна писателка која е заробена на југот од Америка во време пред избивање на граѓанската војна.

Антебелум, инаку, е латински збор кој означува предвоена состојба.

Улогата на главната актерка и припадна на многу талентирана актерка и пејачка Жанел Моне, а пред камерата и се прдружуваат и Џена Малон, Ерик Ланџ, Џек Хустон и други.

Премиерата на филмот е најавена за 24 март 2020 година во САД.

Слични содржини