Дали пиете премногу кафе: Ова се симптомите кои укажуваат на тоа

од Stefanija Kuzmanovska
488 прегледи

Без оглед на тоа што бројни студии покажаа дека пиењето количина кафе која ви одговара има многу придобивки за здравјето, претераното консумирање на овој омилен пијалок може да има негативни последици.

Како што објави The Healthy, понекогаш може да биде тешко да се препознаат знаците дека внесуваме премногу кофеин во нашиот систем, но сепак постојат одредени симптоми, а тоа се:

Чувство на анксиозност
Како што објаснуваат диететичарите, ако често се чувствуваме анксиозни или вознемирени без некоја очигледна причина, тоа може да биде затоа што консумираме премногу кафе.

Имено, студиите спроведени на оваа тема покажале дека луѓето кои пијат премногу кафе во текот на денот се чувствуваат вознемирени бидејќи кофеинот драстично им ја зголемува енергијата а со тоа и кортизолот или хормонот на стресот.

Болка во стомакот
Иако умереното внесување кафе може да придонесе за подобро варење, ако претераме, ризикуваме одредени дигестивни нарушувања како што се болки во стомакот, гасови или непријатни грчеви. Научниците, исто така, неодамна открија дека одредени соединенија во кафето го стимулираат лачењето на стомачната киселина во клетките на желудникот, што исто така може да доведе до проблеми во варењето.

Проблеми со спиењето
Проблемите со сонот, особено несоницата, можат да бидат предизвикани од голем број медицински состојби, но и од прекумерно консумирање кафе. Според Американската академија за медицина, и пет часа по консумирањето кафе, кофеинот останува во нашето тело. Тоа значи дека може да потрае долго време додека стимулот целосно да го напушти телото, што може да го зголеми бројот на будења во текот на ноќта и да го намали вкупното време за спиење.

Слични содржини