Појавата на акни на лицето, вратот, рамениците, па и деколтето и грбот е честа појава во пубертетските денови, но кај некои жени останува проблемот и понатаму.
Оние кои имаат проблеми со кожата, но и оние кои водат редовна грижа, знаат дека пилингот е клучен во одржувањето на порите чисти и во отстранувањето на вишокот мртви епителни клетки. Но, дали пилингот функционира при акни?
Мртвите ткива може да ги наполнат порите и да предизвикуваат воспаление и создавање себум. Од една страна, пилингот помага да се отстранат сите мртви клетки од површината на кожата.
Проблемот се појавува бидејќи кожата склона кон акни е и пречувствителна кон механички акции врз неа. Во одредени случаи, пилингот може да направи поголема штета од типот на црвенило и интензивно воспаление, доколку се применува врз кожа со акни.
Ако се претерува со пилингот, тогаш кожата премногу се чисти од природните масла и навлажнувања, па ги лачи поинтензивно, за да може да ги задоволи потребите на лицето. Во исто време, ваквата истриена кожа е и подложна кон патогени инфекции и воспаленија.
Поради ова, ако имате кожа склона кон акни, најдобро е да се обратите кај козметичар, за да примени хемиски пилинг и соодветна нега според типот на вашата кожа.