Дали поради Мицкоски е прекинат проектот Бас рапид транспорт, прашуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
247 прегледи

СДСМ бара институциите да истражат зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преговарал во име на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за набавка на автобуси и прашуваат како може претседател на партија да подготвува меѓународни тендери.

-Дали заради Мицкоски е прекинат проектот за Бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери. Дали и претседателот на Советот Трајко Славевски е вмешан во оваа партиска операција. Очигледно на повидок е нов голем скандал на ВМРО-ДПМНЕ, сметаат од владеачката партија.

Според СДСМ, и „Груевски вака преговараше со Јанкуловска, за тоа на М“.

-Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака и Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата корумпирана партија од времето на Груевски.

Слични содржини