Дали руската агресија ќе биде фатална и за куќата на Крсте Мисирков во Одеса?

од Берта Китинска
286 прегледи

Русија во изминативе денови го гранатира мултиетничкиот град Одеса во Украина. Дали ќе преживее спомен-плочата на куќата во која што творел и живеел македонскиот научник Крсте Петков Мисирков?

Градот Одеса за Македонците е значаен и по тоа што таму живеел и творел Крсте Петков Мисирков, уредувачот на првото списание на македонски јазик „Вардар“. Во март 1905 Мисирков добил дозвола да го печати списанието на „централното наречје на македонските словени“ токму во Одеса. Во Одеса го напишал и својот дипломски труд „Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко“. Во Одеса Мисирков зборувал и на општословенското собрание како претставник на Македонците од Одеската македонска колонија.

На куќата каде од 1907-та до 1913-та година живеел Крсте Петков Мисирков е поставена спомен плоча уште во 2008. Свеченоста се одржа за време на седмата научна конференција, од 5 до 8 јуни 2008 во Одеса, во организација на Украинската академија на науките и на МАНУ.

Спомен плочата на улица Канатна 28 ја открија во 2008 академик Блаже Ристовски и заменик градоначалникот на Одеса, а на неа пишува:

„Во тој дом во 1909-1913 живеел и работел македонскиот учен и културно-национален деец Крсте Петков Мисирков“.

Слични содржини