Дали се згаснати надежите за МВП на Ембиид?

од Vladimir Zorba

Големата ѕвезда на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембиид може да настрада од новите правила оваа сезона за индивидуални почести во НБА.

На Камерунецот, кој е главен фаворит за наградата за најкорисен играч, му е дозволено да пропушти уште пет натпревари на Сиксерс до крајот на сезоната пред да биде трајно отпишан од трката за статуетката. Тоа е затоа што, според правилата, играчите со помалку од 65 натпревари во сезоната го губат правото да бидат во конкуренција за какви било награди.

А со Ембиид ситуацијата не изгледа особено лесна, бидејќи моментално е повреден. Синоќа, предводникот на Филаделфија го пропушти 12-от натпревар сезонава против Јута Џез, откако пред неколку вечери заработи повреда на коленото на натпреварот против Голден Стејт Вориорс.

Слични содржини