Северна Кореја спроведува вежби за евакуација и затемнување (против воздушна одбрана) против заканата од нуклеарна војна и растечки тензии со САД, објави НК Њуз.

Американскиот веб-сајт на Северна Кореја додава дека подготовките  не се одржуваат во главниот град Пјонгјанг.  Веб-страницата објаснува  и дека таквите вежби ретко се организираат.

Вежбите  се одвиваат во  позадината на коментарите на американскиот секретар за одбрана, Џим Матис, кој предупреди дека Пјонгјанг ја зголемил заканата од нуклеарен напад.

Во исто време, САД, Јужна Кореја и Јапонија ја повикаа Северна Кореја  да се откаже од развојот на нуклеарното оружје. Високи воени претставници од трите земји се состанаа на Хаваи за да разговараат за нуклеарните тестови на Северна Кореја . Тие го повикаа Пјонгјанг да ја прекине провокацијата и да се откаже од нуклеарното оружје.

Во меѓувреме севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун направи несекојдбвена  посета со сопругата во фабрика за козметика во Пјонгјанг, информира државната Корејска централна новинска агенција, цитирана од ДПА.

По инспекцијата, според агенцијата, Ким   е “многу задоволен” од виденото во фабриката. Тој не ги фалеше  само производите, туку и нивното пакување.

Ким и неговата сопруга имаат три деца . Се верува дека се родени во 2010, 2013 и февруари 2017 година.