Дали шампоните без силикон се навистина подобри од другите?

од Elena Daskalova
434 прегледи

Силиконот најчесто се додава во производите за нега на коса, за да ги затвори кутикулите на влакното и да ја направи косата мазна и нежна.

Но, ако претерате со користење на производи кои го содржат, тоа ќе се види на вашата коса, која наместо нежна, ќе биде залепена и масна. Исто така, важно е и како и кога ги користите овие производи.

Во последните години популарни се шампоните без силикон и тоа со право – неговата улога е да ја исчисти косата и темето на главата, а силоконот би можел да им наштети на фоликулите. Може да предизвика и претерано мастење, како и бавно растење на косата.

Но, кога се работи за производи за стилизирање, тогаш дури и потребно е да содржат силикон, макар и да се работи за регенераторот и маската за коса. Најважно е овие производи да не ги нанесувате на корените на косата и кожата на главата и да ги исплакнете добро, како што е наведено на самото пакување. Кога се во прашање силиконските капки, восокот за коса и другите слични производи, нанесувајте ги од половина должина надолу, бидејќи најчесто од средината кон коренот косата е доволно здрава за да нема потреба од дополнителен третман.

Слични содржини